• Sat. May 18th, 2024

Општина Радовиш набави нова машина за бележење на хоризонтална сигнализација

ByЃ. K.

Jul 26, 2023

Во соработка со Ј.П. „Плаваја“, конечно општина Радовиш долгорочно го решава проблемот со обележувањето на хоризонталната сигнализација.

Набавена е нова професионална машина за бележење, која ќе се користи исклучиво за сообраќајните површини во градот и населените места, вклучувајќи ги пешачките премини, испреќинати и стоп линии, паркинг местата и сл.

Од оптината истакнуваат дека заедничка цел е подобрувањето на сигурноста во сообраќајот во нашата општина и воопшто на квалитетот на живот.

By Ѓ. K.