Регион

Времената депонија кај Гевгелија ќе добива струја од фотоволтаични панели

На времената комунална депонија кај гевгелиското село Ново Конско почна поставувањето на фотоволтаични панели што е последна обврска на општина Гевгелија која се реализира, откако беше уреден и пристапниот пат до најсовремениот комунален капацитет во земјава.

–Со изградбата на патот, помогната од средства што ги добивме од Меѓународната организација за мигранти и обезбедувањето на панелите со општински средства ќе ги обезбедиме сите услови за ставање во функција на времената депонија, рече градоначалникот Сашо Поцков.

 

Тој нагласи дека до крајот на јули Министерството за животна средина ќе го распише и тендерот за ревитализација на дивата депонија покрај Сува река со која паралелно ќе се става етапно во функција новата времена депонија за комунален отпад.

Препорачуваме:

Глумец од Србија пешачи 800 км до Света Гора за да го сврти вниманието на јавноста за положбата и статусот на лицата со аутизам

Ѓ. K.

Од денес без ковид сертификат за влез во Бугарија

Стојне Митева

Папата Фрањо упати видео порака во пресрет на неговата посета на Македонија

Ване Трајков