Македонија

Апасиев: Наши членови од Карпош гласале со цели семејства, а на резултатите има 0 гласови

Има рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не даваат увид во записниците, напиша на „Фејсбук“ Димитар Апасиев, лидерот на Левица.

„Дури и ако дадат увид, немаш како да споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да можеш да приговараш“, додава тој, пренесе Макфакс.

Според него, на Левица ѝ се украдени гласови во Ново Село, па до Кисела Вода.

„По 30-40 гласа по изборно место. Наши членови од Карпош гласале со цели семејства, а на резултатите има 0 гласови. Тројца пратеници ни крадат во моментов“, напиша Апасиев.

Според последните податоци кои беа објавени уште утринава, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, Левица има освоено две пратенички места.

Препорачуваме:

Почеток на кампањата „Внеси боја во сивата економија”

Ване Трајков

За една недела 3270 граѓани бесплатно се вакцинирале против сезонски грип

Сузана Мицева

Стратегијата за инклузија на Ромите е темел на суштинските политики