• Fri. May 10th, 2024

Од денес без ковид сертификат за влез во Бугарија

?????????????????????????????????????????????????????????

Од денес без ковид сертификат за влез во Бугарија

Лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија од денес, веќе не се обврзани да поседуваат дигитален ковид сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена вчера.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *