• Wed. May 22nd, 2024

Во Македонија 437 фирми ќе произведуваат струја од обновливи извори

ByВане Трајков

Apr 21, 2023

Од април 2022 до денес, издадени се над 400 лиценци за призводство на струја од фотоволтаици. Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика, лани се издадени лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 мегавати. Годинава се издадени лиценци на 170 централи за обновливи извори со капацитет од 57 магавати.

„Досега имаме издадено лиценци за 437 централи за производство на струја од обновливи извори. Доминатно се фотоволтаици односно за производство на струја од сонце, но има и за ветер, вода и биогас меѓу нив. Со овој инсталиран капацитет од 2022 и 2023  година, со струја можат да се снабдат 10 градови низ земјава“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Економската и енергетската криза кои доведоа до високи сметки за струја, но и високите цени на берзата ги натераа фирмите да поставуваат фотонапонски панели, а некои и си видоа и можност за трговија. Но, денес цените на берзата поради елдорадото на фотовлатици се многу ниски, па фирмите имаат ќар само да си произведуваат сами за себе, за бизнис односно продажба на струја ретко кој.