Свет

Во Кина измерени пеколни 80 степени, температурите ги урнаа сите рекорди

Последните денови температурите во Кина и другите делови на Азија, како и во Европа и САД ги урнаа сите рекорди.

Тоа им предизвикува проблеми на земјите ширум светот и ги поттикнува итно да се справат со климатските промени, кои според научниците ќе ги направат топлотните бранови почести, посериозни и посмртоносни.

Џиновски термометар во кинеската провинција Ксинџијанг ја измери температурата на земјата на 80 степени Целзиусови, а туристите прават селфи со него. Бројот на загинати од обилните дождови во Јужна Кореја денеска достигна 44.

Во исто време, Големиот остров на Хаваите се подготвува за ударот на тропската бура Калвин, која се очекува да донесе дури 20,3 сантиметри дожд и силен ветер, соопшти американската Национална метеоролошка служба (NWS).

Во Јужна Кореја од минатата недела поројни дождови ги погодија централните и јужните региони.

Препорачуваме:

Британската влада започна акција за помош на 72 илјади угостителски објекти

Сузана Мицева

Ковачевски, Мицотакис, Петков и Вучиќ ќе го означат почетокот на градењето на гасоводот Алексадрополис

Сузана Мицева

Привремено прекинато испитувањето на вакцини против коронавирус, се разболеа учесниците во тестирањето

Сузана Мицева