Свет

Ковачевски, Мицотакис, Петков и Вучиќ ќе го означат почетокот на градењето на гасоводот Алексадрополис

За утре е предвиден почеток на изградбата на гасоводот за течен природен гас во Александрополис, што за регионот треба да донесе подобрена диверзификација во снабдувањето.

На инаугурацијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Поканет е и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Проектот за гасовод во Александрополис е од клучна важност за ЕУ во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.

-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.

Удел во изградбата, односно гасоводот ќе има и македонскотоо акционерско друштво ЕСМ.

Препорачуваме:

Путин може да добие доживотен имунитет

Сузана Мицева

Се сруши авион во Русија, патниците се спасија, пилотите загинаа

Сузана Мицева

Британците почнуваат со тест на крвта за 50 типови на рак