Свет

Британската влада започна акција за помош на 72 илјади угостителски објекти

Британската влада донесе одлука да покрене акција наречена ‘Јади во ресторан, помогни му на ресторанот’ и да субвенционира оброци со 50 проценти. Акцијата ќе се реализира во август, секој понеделник, вторник и среда, кога е помал бројот на посети на ресторани.

Целта на акцијата е да им помогне на угостителите кои се борат со последиците од пандемијата на коронавирус. Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72 илјади угостителски објекти.

Критичарите предупредуваат дека рестораните за брза храна треба да бидат исклучени од таа државна интервенција.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Почина докторот што го исклучи Тито од апаратот: „ЕКГ покажуваше рамна линија, а ние цели 10 -15 минути стоевме во тишина“

Сузана Мицева

Во несреќа на авион,загинаа 16 американски војници

Dimitar Micev

ОН: Сиромашните ги гледаат богатите како се подготвуваат за вакцините

Сузана Мицева