Регион

Во договор со ЕВН,Радовиш го доби на користење објектот кој се наоѓа спроти Паркот на младите на улица Св. Спасо Радовишки.

Идеја од општината е дасе направи мултифункционален простор за повеќенаменска употреба кој би се прилагодувал за различни јавни настани како презентации, проекции, предавања, изложби, конференции и друго.

Внатрешниот дизајн би ја отсликувал флексибилноста на просторот преку конфигурирање во зависност потребите на корисниците.

Голема предност на еден мултифункционален просторот е можноста за интеграција на различни аспекти на нашето социјално живеење преку развој на нови идеи, размена на знаење и креативни активности во кои би се вклучиле уметници, невладини здруженија, активисти, студенти, организации и граѓани.

Од општината ги повикуваат граѓаните да го дадат своето мислење за потенцијалната пренамена на споменатиот просторот, со цел заеднички да ја унапредиме нашата локална заедница.

Препорачуваме:

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот

Сузана Мицева

Дел од радовишани револтирани од изборот на кандидат за градоначалнник на СДСМ

Ване Трајков

Летната сезона во Гевгелија ја одбележаа неколку спортски турнири во мал фудбал

Ѓ. K.