• Sat. May 18th, 2024

Превозниците од граничните премини дирекно ќе пријавуваат мито, корупција и мигранти

КОМЕНТАРИ

Со помош на ИТ-апликација превозниците ќе можат да пријавуваат мито, корупција, застои и криминални дејства на граничните премини, од класичен шверц до криумчарење мигранти, а притоа да останат анонимни и нивниот интегритет да биде заштитен според Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа владиниот Национален координативен центар за гранично управување и Асоцијацијата на превозници „МАКАМТРАНС“.
Со меморандумот не само што ќе се унапреди прекуграничното управување, туку истиот ќе придонесе и во борба со организираниот криминал и корупција. Сите информации за законските недоследности на граничните премини, но и на коридорите што ќе ги пријават превозниците, ќе стигнуваат директно до надлежните институции и органите за спроведување на законите.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека Меморандумот всушност ќе биде аларм за преземање мерки во вистинско време со што состојбите нема само да се следат, туку и конкретно, оперативно ќе се решаваат.
Превозниците ќе имаат можност да користат ИТ-апликации за мобилен телефон и за компјутер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *