Регион

Во Гевгелија премиерно ќе биде прикажан документарецот „Не биди моја приказна – Охрабри се“

На 7 декември 2023 година, во Народниот театар – Гевгелија, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Не биди моја приказна – Охрабри се“, во продукција на Општина Гевгелија, чиј синопсис го обработува семејното насилство врз жени. Емитувањето на филмот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен.

Во филмот, учествуваат: жена – жртва на семејно насилство од Гевгелија, претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, психолог вработен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, адвокат и членовите на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Режијата е на Катица Џишева Дупарова, а организацијата на Петар Јанчев. Камерман и монтажер е Васко Трајков.

Документарниот филм е активност на Општина Гевгелија предвидена во Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година, којашто се реализира во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гевгелија, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија, Адвокатската комора и Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија.

„Не биди моја приказна- Охрабри се!“ ќе се прикажува во текот на 16-дневниот активизам за борба против насилство врз жените.

Препорачуваме:

Рудниците Бучим и Боров Дол ќе работат ако цената на струја е под 250 евра за мегават

Ване Трајков

Работните групи на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа

Андреа Коевска е македонски претставник на Евровизија