Андреа Коевска е годинешниот претставник за избор на „Песна на Евровизија’ што ќе се одржи во Торино, Италија.
На синоќешниот избор во рамки на емисијата „Стисни плеј“ на МТВ, Андреа и Виктор Апостоловски и беа со идентичен број гласови, со што кај Виктор беше поголем бројот на оние од публика, а кај Андреа оние од стручното жири, по што таа беше и прогласена за победник.
Во трка беа уште четири изведувачи – Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди и Ris Flower.
Инаку, песната со која победи Андреа е насловена „Circles“ и е дело на Александар Масевски.