• Fri. May 17th, 2024

Делегација од Општина Струмица во посета на Кукуш по повод празнувњата на „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“

ByЃ. K.

Nov 28, 2023

На покана на градоначалникот Димитрис Киријакидис, делегација од Општина Струмица присуствуваше на утринската Божествена Литургија и Литија во Кукуш, Грција на која беа и Митрополит Струмички г. Наум и верници од Струмица.

По утринската Богослужба, градоначалникот Костадинов се сретна со градоначалникот Киријакидис на којашто разменија нови идеи за продлабочување на соработката меѓу двете општини.

Костадинов ги покани пријателите од Кукуш ги на возвратна посета за празникот на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ на 11 декември.

By Ѓ. K.