Регион

Во вчерашниот пожар изгореа комбајн, земјоделска механизација и овоштарник

Во тричасовниот пожар, кој избувнал вчера попладне во атарот на село Дабиле, изгореа овоштарник со шупа, земјоделски машини, комбајн и балирана слама, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

Причинета е голема материјална штета, а во гаснењето на пожарот интервенирале четири против пожарни возила и 12 пожарникари. Вчера струмичките пожарникари интервенирале уште еднаш кога гаснеле запалена сува трева и отпаден материјал во близина на селото Банско.

Препорачуваме:

Југоистокот само со едно прекршување на полицискиот час

Стојне Митева

Зимската заштита на овошките да се изврши најкасно до почетокот на вегетација

Dimitar Micev

Општина Гевгелија одвои од својот буџет 600 илјади денари за транспорт на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков