• Fri. May 10th, 2024

Југоистокот само со едно прекршување на полицискиот час

Југоистокот само со едно прекршување на полицискиот час

Југоистокот мирен на синоќешниот полициски час. Само еден жител од Гевгелија го прекришил и бил затекнат од страна на полициски службеници , а според законските одредби ќе следува и соодветна казна. Струмица која важеше за град со најмногу недисциплинирани граѓани и во просек по 20 лица не го почитуваа ланскиот полициски час , синоќа полициските службеници не регистрирале ниту еден прекршител.

 Ограничувањето на движењето на граѓаните, односно полицискиот час кој беше воведен поради состојбата со коронавирусот, ќе трае се до 22 март. За прекршување на ваквата мерка е предвидена паризна казна или затвор до една година за физички лица и парична казна до 30 милиони денари за правни лица.

Струмица по однос на новорегистрирани пациенти позитивни на Ковид 19 оди во нагорна линија , а во последниот извештај од министерството за здравство се регистрирани нови 22 лица и активни 184.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *