Регион

Во Богданци изработен ѕиден мурал за ендемично растение

На околу 30 квадратни метри во центарот на Богданци е насликан ѕиден мурал со ендемичното растение ,, Меурест козинец’’ кое во земјава го има единствено на овие рпстори. Муралот е дел на здружението Полимат 13 од Богданци во соработка со Макеоднското еколошко друштво во рамктие на проектот ,,Зачувување на ендемичните растенија во Македонија’’ а по повод меѓународниот ден на растенијата.

Локалните уметници Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева го насликаа муралот кои очекуваат ова дело да ја подигне јавната свест за ретките растенија но и да се заштити животната средина

Полимат  13 од Богданци ова ретко растение го набљудува векле четири години со цел да се дознае повеќе за неговите каректеристики но и стабилноста на неговата популација. Претежно го има во северзападниот дел над Богданци каде ова здружение планира да поставува патокази но и патеки со цел посета на површините со меурест козинец и негова заштита.

Препорачуваме:

Медицинските сестри и техничари од септември ќе добијат надоместок на платата

Стојне Митева

Во Гевгелија вчера наврнале 10 литри на метар квадратен

Сузана Мицева

Пешак потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Ване Трајков