Граѓански новинар Регион

Пешак потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Пешак е потешко повреден во сообраќајка што се случила вчера на улицата „Климент Охридски” во Струмица.

Според полицијата, патничко возило „мерцедес” со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од село Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица.

Повредениот бил пренесен во струмичката болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Струмица.

Препорачуваме:

Видео: се запали камион

Сузана Мицева

Мартовската дружба на Читателскиот клуб ќе биде посветена на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски

Ѓ. K.

Одлуката за дарување на органите беше тешка, но знаевме дека е правилна, велат Диневи од Дојран