Регион

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ продолжува со непотистичко вработување

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струмица прашува како Македонска Парталова стана вработена во општина Конче и каков е статусот на нејзиниот ангажман во Управата за приходи. Според ВМРО ДПМНЕ, станува збор за уште едно вработување на членови од блиското раководство на партијата. Еве ја нивната реакција во целост:

Со ова обраќање пред струмичката јавност ВМРО ДПМНЕ поставува прашања за случувања кои иако не излегуваат од законски пропишани норми и прописи оставаат повеќе отворени прашања отколку одговори.

Имено, пред неколку денови во о.Конче како административен службеник е примена Македонка Парталова. Сопруга на познат струмички социјалдемократ. Долгогодишен Секретар на о. Струмица и до денеска близок соработник во Владата на Зоран Заев.

Иако не е во ред граѓанин од о. Струмица да има предност за работно место во о. Конче сепак она што кај нас се загатнува како прашање е улогата на госпоѓа Македонка Парталова во Управата за Јавни приходи во Струмица.

Односно, каква е нејзината конкретна улога во моментов во УЈП Струмица?

На пример, дали како времено вработена има овластување за вршење на инспекциска контрола кај правни субјекти, се вели во обраќањето на ВМРО ДПМНЕ.

Препорачуваме:

Струмичките бизнисмени се запознаа со повикот на Фондот за иновации oтворен до 15 мај

Детска претстава на француски јазик изведена пред амбасадорот Бомгартнер

Сузана Мицева

Како би се одвивал образовниот процес при генералниот штрајк?

Стојне Митева