• Sat. May 18th, 2024

Започна теренската вакцинација против КОВИД-19 во населените места, во општините Гевгелија, Богданци и Дојран

By

Jul 14, 2021

Од денес започна теренската акција за вакцинирање на населението против КОВИД-19  во населените места во општините Гевгелија, Дојран и Богданци, за кои е надлежна и здравствено ги покрива Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Теренското вакцинирање ќе трае до 27 јули, 2021 година. Населението не постаро од 60 години ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. Општата болница подготви планер, со термини за спроведувањето вакцинација, за што во секое населено место е поставен плакат со информации за локацијата.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *