Спорт

Виктори со максимална победа против штипски УГД

Екипата на Виктори волеј со 3:0 во сетови го надигра штипскиот состав УГД. Струмичанки вложија труд онолку колку што беше потебно за максимална победа и нови три бода на своето конто за пробив во топ четворката за разигрување за шампионската титула

Иако имаа целосна доминација на теренот сепак ,, викторијанки,, си дозволуваа ,, одмор,, и гостинките лесно да освојуваат поени. Таков беше случајот во првиот сет. Имаа контуинирана предност од 3- 6 поени за да на крај биде неизвесно и го освојат  со 26:24.

Вториот беше убедлив за струмичанки со 25 :12. Така почнаа и во третиот сет но со повлекувањето на искусните, штипјанки благо се заканија но не за целосен пресврт откако Виктори го доби со 25;18.

Снимка од дуелот Виктори Волеј – УГД Штип  утре во 17,30 часот на програмата на Канал Вис

Препорачуваме:

Ангеловски трет на маратонот Шри Чинмој во Скопје

Ване Трајков

Фото: Младинците на РК Макс Струмица убеливи против велешки Борец

Ване Трајков

Струмичките одбојкари вечерва против Динамо Апелдорн во Холандија

Ване Трајков