• Sun. May 12th, 2024

Од 1 јануари 2019 година граѓаните нема да поднесуваат годишни даночни пријави

ByDimitar Micev

Mar 3, 2018

Од 1 јануари 2019 година граѓаните нема да имаат обврска за поднесување на годишни даночни пријави. За приходите кои ќе ги остварат во 2018, Управата за јавни приходи ќе издава пополнета годишна даночна пријава, која физичките лица ќе треба само да ја потврдат или корегираат. Откако проектот ќе почне да се применува, граѓаните ќе може компјутерски да проверат каква пријава им пополнила државата, а на шалтер ќе одат само ако имаат забелешка. За таа цел во текот на оваа година, граѓаните треба да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП за персонален данок на доход. Од Управата апелираат до граѓаните, навреме да ја поднесат ГДП за да не се создаваат гужви во последните денови, но и да се регистрираат во електронскиот систем, за да може следната година да се одвива целиот процес без проблеми кога УЈП ќе треба да ги испрати пополнетите годишни даночни пријави.

Годишна даночна пријава може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Крајниот рок е 15 март, а доколку даночниот обврзник го пропушти законскиот рок, ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. За ненавремено поднесување, односно неподнесување пријава и за нецелосно пријавени приходи глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност. Инаку, според податоците на Управата за јавни приходи, Струмица, годинава се очекува да бидат поднесени повеќе од 40.000 годишни даночни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *