Свет

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТИ ВО АЛБАНИЈА – Пратениците активираа димни бомби и фрлаа столчиња кон говорницата во Собранието

Необичен инцидент се случи вчера во албанскиот парламент кога претставникот на Демократската партија (ДП) Саимир Кореши активираше неколку димни бомби.

Салата беше исполнета со чад, а претседавачот Линдита Никола го исфрли Кореши од седницата и побара интервенција на обезбедувањето за да се воспостави ред.

Непосредно пред да се активираат димните бомби, дел од опозициските претставници направија барикада со столчињата пред говорницата.

Лидерот на ДП Сали Бериша рече дека не може да влијае на претставниците. Опозицијата е решена да не дозволи нормален парламентарен живот додека не се исполнат нејзините барања: формирање истражни комисии, вклучување во комисијата за изборни реформи, откажување на мнозинството од мешање во внатрешните работи на опозицијата“, рече тој.

Додека салата беше полна со чад, зборуваше министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Тој им порача на претставниците на ДП да се спротивстават на обидите на поединци да ги злоупотребат за свои интереси, мислејќи на поранешниот премиер Бериша.

„Законодавството е примарна должност на пратениците. Ова покажува дека не сте ја сфатиле сериозно оваа работа затоа што ги влошува односите со луѓето. Мојот апел до мнозинството пратеници од десницата е: Ве молам, немојте да не користите за нечии лични интереси,“ изјави Бала.

Пиротехниката во салата ја донеле двајца колеги на Кореши. Сите тројца сега би можеле да се соочат со дисциплински мерки, кои би можеле да вклучуваат привремена забрана за присуство на состаноци, пренесуваат медиумите во регионот.

Препорачуваме:

После,Мекдоналдс, Старбакс и Кока Кола, се повече и Хајникен од Русија

Стојне Митева

Италија е земја со најмногу 100 годишници во светот

Ѓ. K.

По повеќе од една деценија, снег во Јужна Африка

Ѓ. K.