• Sat. May 18th, 2024

УХМР: Викендов облачно време, врнежи и ветер

ByЃ. K.

Nov 11, 2023

УХМР соопшти дека времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени.

Според УХМР, под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 литри на метар квадратен за целиот период). Потоа, до средината на следната недела ќе преовладува стабилно време.

By Ѓ. K.