Регион

Започна „Караван на читањето“ со деца од основните училишта од Струмица и регионот

Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица започнаа „Караван на читањето“ со деца од основните училишта од Струмица и регионот.

Оваа недела карванот започна со посета на децата од ООУ Борис Трајковски, ООУ „Маршал Тито“ Струмица и ООУ „Мануш Турновски“. Со читање и обработка на книгите за деца „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас и сказната „Трите прасиња“ учениците се запознаа и дискутираа за овие прекрасни дела.

Целта на оваа програма е да се поттикнат најмладите да развијат вештини за критичко размислување, а во исто време и да читаат и да го негуваат македонскиот јазик.

Следната недела карванот продолжува во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево и ООУ,,Гоце Делчев” – Босилово.

Препорачуваме:

Радовишанец загина по пад од трактор

Сузана Мицева

Јакнење на мултиетничка соработка во образованието

Стојне Митева

Несовесни возачи узурпираат јавен простор за паркирање среде Струмица