Регион

Василево доби детско забавно катче во паркот „Методи Митев“ – донација од општина Умраније од Турција

Во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред  Домот на културата во населеното место Василево, како донација од пријателската Општина Умраније, Р.Турција беа поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и лизгалка.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го посети забавниот парк и беше сведок на многу детски насмевки.

„Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го минуваат своето слободно време“, истакна тој.

Целта е Општина Василево да биде поубаво место за живеење за најмладите.

Препорачуваме:

Општинската зграда во Радовиш под клуч. Вработена позитивна на Ковид 19

Стојне Митева

Започна пријавувањето за субвенционирање на земјоделски производители за 2021 година

Сузана Мицева

Средношколци изработија 927 шкафчиња за цело основно училиште Никола Вапцаров

Ване Трајков