• Fri. May 10th, 2024

Шест разбојници ограбиле 11 куќи и викендици за седум месеци во Радовиш

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од Штип, со престој во Радовиш, С.Р.(22) од Радовиш со престој во Штип, Т.Ј.(18) од Штип, Ј.А.(22) од Радовиш, Љ.Т.(66) од Радовиш и Б.А.(31) од Радовиш.

М.Ј., С.Р., Т.Ј. и Ј.А. во периодот од март до септември 2023 година во куќи и викенд куќа на подрачје на Радовиш извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закон, а Љ.Т. и Б.А. се сомничат за сторени две кривични дела „прикривање“, односно поради тоа што прикриле дел од предметите кои осомничените ги одзеле при вршење на кражбите.

Со извршените кривични дела лицата противправо се стекнале со имотна корист во висина од 170.300 денари.

By Ѓ. K.