Регион

Средношколци изработија 927 шкафчиња за цело основно училиште Никола Вапцаров

Средношколци и професори од дрвно-преработувачката струка во СОУ „Никола Карев“ изработија 927 шкафчиња за сите ученици во ООУ „Никола Вапцаров“ и за подрачното училиште во селото Градско Балдовци, а материјалите ги донираше Општина Струмица во износ од 1,7 милиони денари.

– Иницијативата е на учениците што значи дека и тие партиципативно учествуваат во креирањето на локалната политика, затоа што ние сме Општина отворена за соработка со сите граѓани. Оваа успешна практика ќе ја продолжиме и понатаму со други струки во СОУ „Никола Карев“, но и со СОУ „Димитар Влахов“, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска беше во посета на ООУ „Никола Вапцаров“.

Препорачуваме:

Околу половина милион евра за три проекти ќе се инвестираат во општините Ново Село, Босилово и Василево

Ване Трајков

Повреден возач на патот Богородица – Стојаково

Ване Трајков

Второстепената комисија ја одби жалбата на Еуромакс за рудникот Иловица

Сузана Мицева