Регион

Валандовскиот градоначалник повреден во сообраќајна несреќа

Градоначалникот Перо Костадинов попладнево околу 18 часот е повреден во сообраќајна несреќа, којашто се случила на патот Удово-Демир Капија, по излезот од тунелот. Според неофицијални информации, Костадинов е полесно повреден, додека пратеничката Мери Лазарова којашто исто така била во автомобилот е потешко повредена и е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Засега не се знаат детали, како дошло до сообраќајната несреќа и кој го управувал автомобилот во кој биле високите функционери на СДСМ. Повеќе информации за несреќата во текот на наредните часови.

Препорачуваме:

Тутунари од Градашорци во паника откако Далија Табак нема да врши откуп оти не обезбедила пари за склучените договори

Ване Трајков

Препораките против аерозагадувањето за Струмица  сеуште важат, соопштија од МЖСПП

Ване Трајков

11 мигранти се ободеле илегално да влезат во земјава