• Sun. May 12th, 2024

Тутунари од Градашорци во паника откако Далија Табак нема да врши откуп оти не обезбедила пари за склучените договори

ByВане Трајков

Jan 12, 2021
tk prilep kje go otkupi dogovoreniot tutun

Над 100 тина тутунари од струмичко се собраа во населеното место Градашорци бидејки фирмата со која што склучиле договор за откуп на тутунот од ланската реколта – Далија Табак сеуште го нема отпочнато откупот.  Добиле информација дека ова компанија ова сезона не планира да ги превзеде договорените количини бидејки немала пари. Од таа причина тие бараат од држаата одговор кај кого да се обратат и дали нивните  произведени  количини некој ќе им ги откупи дотолку повеќе што тоа им е единствен извро на егзистенција

,,Бараме Владата да ни помогне и да го реши овој проблем бидејки ќе немаме пари да си ги платиме основните давачки. Ако проблемот не ни се реши излегуваме на протести. Не сме малку, само во Градашроци не има околу 80 тина производители а ги има и од околните села но и од радовишко,, ни кажа Ерол Демов тутунопроизводител од Градашорци

Од министерството за земјоделство кажаа дека компанијата Далија Табак нема зелено светло да врши откуп бидејки во законскиот рок не ги обезбедила финансиската гаранција за склучените договори за откуп

,,МЗШВ прави напори за откуп на договорените количини на тутун од ланската реколта склучени со откупувачот Далија Табак. Став на министерството е дека нема да остане неоткупен ниеден лист на тутун ова година,, соопштија од ресорното министерство

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *