Најмногу дожд до 7 часот изутринава паднало во Гевгелија 45 л/м2, во Берово 38, во Демир Капија 30, во Струмица 27.Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.