• Sat. May 11th, 2024

Препораките против аерозагадувањето за Струмица  сеуште важат, соопштија од МЖСПП

                       

Престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање поради аерозагаденост во Скопје иако главниот град на државата  Скопје  сѐ уште високо котира на листата на загадени градови според платформата „IQair“, Ова значи дека од денеска не важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз во метрополотата донесена во саботата заради високиот индекс на аерозагаденост.

,,Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички во Скопје се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата од два последователни дена е прекината, поради што престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, соопшти МЖСПП.

Од министерството соопштија дека за Струмица сеуште не е укинат прагот на алармирање и важат препораките до општината. Денеска на ова тема заседаваше и Советот на превенција. Инспекторите се на терен но не се лоцирани субјекти кои вршат аерозагадување

За Струмица сеуште важат препораките за заштита на населението од високиот индекс на аерозагаденост како што се ослободување од работа на критично загрозените популации на граѓани, реорганизација на работнтоо време на лица кои работат на отворено,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *