Регион

Сите училишта во Струмица склучија договори со ЕСМ за снабдување со електрична енергија

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, оваа цена е преполовна за училиштата, но во однос на анализите и споредбите сепак треба да помине време.

-Уште не е поминат првиот месец за да ја видиме и првата фактура, но убеден сум дека ќе имаме големи генерирани заштеди, но за подетални информации ќе мора да ги добиеме фактурите, да седнеме со директорите и да ги видиме резултатите од мерката.

Препорачуваме:

„Глобал“ ќе добие надворешни излози

Отворена изложбата на икони „Богатство што треба да се види“ од струмичкиот зограф Григориј Пецанов

Заврши и третото извлекување на наградната игра „Бензоил наградува„