Спорт

Бојан Круљ е нов тренер на АП Брера

Брера Струмица денеска го промовираше новиот тренер, се работи за Србинот Бојан Круљ.

Откако претходно поради лошите резултати се раздели со италијанскиот тренер Џовани Валенти, Брера денеска го промовираше неговиот наследник.

„Бојан Круљ од Србија нов шеф на стручниот штаб на Брера Струмица. Тој доаѓа од Србија и во својата кариера со малдите работел во Вождовац и Синѓелич а како шеф на стручен штаб бил на ИМТ од Белград и Рудар од Приједор Босна“, стои во соопштението на Брера. 

Брера полусезоната ја заврши на осмото место на табелата со 20 освоени бодови од 18 натпревари. 

Препорачуваме:

ПМФЛ: Брера Струмица против Вардар во првото коло

Ѓ. K.

Наковски Волеј лесно против битолски Пелистер, славеа со 3:0 во сетови

Ване Трајков

МВП Струмица домаќин на завршниот турнир за титула во М-14