Македонија

Бесплатна телефонска линија за пријавување забави, најави Спасовски

Министерството за внатрешни работи ќе отвори бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе може да пријавуваат недозволени забави и собирања повеќе од четири лица за време на новогодишните празници.

Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

„Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број“,

истакна Спасовски.

Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

„Една од клучните задачи е да се изврши контрола и надзор на спроведувањето на мерките за заштита од ковид. Се наоѓаме во ситуација кога вирусот лесно се шири. Знаете дека зголемувањето на бројките на заболени создава сериозен притисок врз здравството и здравствените работници“,

истакна министерот за внатрешни работи.

Нагласи дека пандемијата и кризата траат предолго и оти пред сѐ се исцрпени човечките капацитети и токму заради здравствениот систем, но и за животот и здравјето на граѓаните мора да се почитуваат сите мерки.

„Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките, но за жал имаме и себични граѓани. Затоа активно работиме на терен и зголемен е интензитетот во контролата на мерките и тоа дава резултати. Сега се денови на празници кога граѓаните се навикнати на собирање и дружби и се работи на детектирање на оние кои не ги почитуваат мерките. Секојдневно имаме случаи кога се растураат забави кои и одредени групи ги права и тоа не го правиме само по дојави, туку врз основа на планови и активности“,

рече Спасовски.

Препорачуваме:

„Грмежи и дожд“, УХМР најавува пресврт на времето од понеделник

Ѓ. K.

УЈП почна со исплата на парите од скенираните сметки од последното тромесечие од 2020 год.

Ковачевски:Носиме решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични центрaли

Ване Трајков