• Sun. May 26th, 2024

„Грмежи и дожд“, УХМР најавува пресврт на времето од понеделник

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи, најавува УХМР.

„Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи“, велат од УМХР.

За денеска, известуваат дека ќе биде сончево, со повремена облачност.

„Претпладне во западните делови со променлива облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер од северозападен правец“, посочуваат од УХМР.

By Ѓ. K.