• Fri. May 24th, 2024

Надминат е проблемот со картичките на Мastercard и Visa

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

Македонската банкарска асоцијација (MБA) информира дека е надминат проблемот со картичките на Мastercard и Visa.

Граѓаните денеска не можеа да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, но проблемот веќе е надминат.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, соопшти МБА.

МБА претходно информира дека картичните брендови Visa и MasterCard се недостапни, а граѓаните можат да добијат средства само во експозитурите и филијалите на банките.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во меѓувреме соопшти дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на споменатите картични брендови.

By Ѓ. K.