• Sun. May 19th, 2024

Ковачевски:Носиме решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични центрaли

ByВане Трајков

May 28, 2022

Се подготвува законско решение за да можат граѓаните да своите покриви да постават фотоволтаици и да произведуваат струја. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со законското решение ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање фотоволтаици во домаќинствата.

„Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече Ковачевски.

Премиерот објасни дека правилата за приклучување кои исто така се во надлежност на Министерството за економија и на кои се работи, при што ќе се обезбеди електрична енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот на електрична енергија и третото Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *