Спорт

Беласица против Пелистер на стартот од Втората фудбалска лига

Во просториите на ФФМ беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона во Втората фудбалска лига.

Во првото коло кое ќе се игра на 12 август, најинтересно се очекува да биде во Прилеп и Струмица.

Победа во првото коло го пречекува Тетекс, додека во Струмица, Беласица игра против еден од најсериозните конкуренти за Првата лига, Пелистер.

Беса, која донесе неколку квалитетни засилувања, новата сезона ја започнува на гости кај Осогово, додека Скопје ѝ гостува на Каменица Саса.

1. коло, 2. МФЛ:

БАШКИМИ – ОХРИД Лихнидос
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ
ДЕТОНИТ Плачковица – ВАРДАР Неготино
КОЖУФ – КАРАОРМАН

Препорачуваме:

ОК Џио Струмица му зеде мерка и на ланскиот финалист Вардар со 3:0 во сетови

Младите струмички шахисти за ТВ Канал ВИС: „Ќе дадеме сѐ од себе за да ги браниме боите на Македонија!“

Ѓ. K.

Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале

Ѓ. K.