Регион Спорт

Младите струмички шахисти за ТВ Канал ВИС: „Ќе дадеме сѐ од себе за да ги браниме боите на Македонија!“

Денеска во 14 часот по македонско време официјално стартува светското првенство во шах за кадети во Египет.

Во конкуренција на 502 шахисти од 66 земји, Македонија ќе ја претставуваат 3 од 4 шахисти од Струмица:

– Мартин Гоцев, до 10 години

– Јован Вукашиновиќ, до 8 години

– Ина Крумова, девојчиња до 8 години

Водач на делегацијата: Љубиша Андоновски

Стартно сите играат со бели фигури. Ќе се играат 11 кола по швајцарски систем, по правилата на ФИДЕ за класичен шах. Темпото на играње е 90 минути по играч за 40 потега, ако дотогаш не заврши партијата им се додава уште по 30 минути до крајот. Имаат и плус бонус од 30 секунди за секој одигран потег почнувајќи уште од првиот.

Младите натпреварувачи за ТВ Канал ВИС изјавија дека напорно тренирале, ќе дадат сѐ од себе за да ги одбранат боите на Македонија и очекуваат големи успеси.

Препорачуваме:

Бочварски: Започнува реконструкцијата на 3 патишта во општина Дојран

Општина Радовиш ќе добие 80 клупи за седење, донација од турската општина Ергене

Ѓ. K.

Градоначалникот Костадинов на средба со претставниците на 26-те граѓански организации во Општина Струмица

Ѓ. K.