Спорт

,,Астраион’’ и носи на Струмица прволигашки ракомет, во Прва лига и ,,Младост’’ од Богданци

Ракометниот клуб Астраион кој изминативе сезони се натпреваруваше со тимови во младинските конкуренции, следната сезона пријави екипа во Првата ракометна лига на Македонија. Веста ја потврдија и од управата на клубот која  деновиве ги дознаа противниците за  прволигашкото првенство  кое ќе стартува во септември а ќе биде поделено во две групи.  Ракометарите на Астраион се најдоа во втората група каде протвиници ќе им бидата Младост од Богданци, Вардар од Неготино, Металург Јуниор и Македонија ЃП и Ринија од Скопје, Куманово и Текстилец од Штип
Според пропзициите на РФМ четирите најдобри екипи од двете групи ќе формираат нова лига од осум екипи кои ќе почнат од нула и ќе разигруваат секој со секого.  Најдобриот од таа новоформирана лига ќе обезбеди пласман во Супер лигата додека второпласираниот ќе игра бараж за ракометната елита. Првенството почнува на осми и деветти септември
,, Пријавивме екипа во Првата лига со цел нашите деца да стекнат поголемо искуство но и на градот да му донесат ракомет во сениорска конкуренција . Струмица и салата Паркт заслужуваат прволигашко натпреварување во кое ќе настапиме со нашите деца кои имаат 17-18 години со што ќе бидеме и најмладиот тим во ова натпреварување.  На тој начин сакаме да ги презентираме нашите момци кои  две сезони се во самиот ракометен врв на Македонија во младинските конкуренции и да докажат дека градот Струмица заслужува повисок ранг на ракометно натпреварување,, кажаа од РК Астраион

 

Препорачуваме:

Кире Лазаров објави крај на играчката кариера

Ване Трајков

Токат од Турција го освои БВА купот во Струмица – Џио втор

Ване Трајков

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

Ѓ. K.