Спорт

Токат од Турција го освои БВА купот во Струмица – Џио втор

Екипата на Џио Струмица го освои среброто на Балканскиот клупски Куп откако синоќа загубија од турската екипа Токат Беледие со 3:0 во сетови. Турскиот состав се покажа далеку поквалитетен во пресметката за првото место од ова натпреварување на кое учествуваа три екипи.

Во салата “Парк” во Струмица, освојувачот на двојната круна Џио Струмица беше немоќен против турскиот тим којшто го освои првото место на турнирот и обезбеди пласман во второто коло на Челенџ купот каде ќе се сретне со унгарскиот вицешампион.

Џио Струмица заврши втор со оглед дека вчера славеше над Приштина волеј со 3:1 што не беше доволно за да игра европски натпревари сезонава.

Трети на турнирот беа косовскиот шампион Приштина Волеј.

Препорачуваме:

Фото- Со вино за бериќет, Наковски волеј и Партизан потпишаа договор за соработка

Ване Трајков

Младите на струмичка Беласица на Равена Куп 2017 во Италија

Ване Трајков

Вечерва во Скопје, ОК Струмица Никоб го игра реваншот со Динамо

Ване Трајков