Свет

Европа прави нов борбен авион – дали ќе може да си ги мери силите со Америка?

Франција и Германија потпишаа договор за заедничко развивање на нов борбен авион што ќе биде подготвен за употреба за 22 години.

Авионот ќе биде во оперативна форма некаде пред 2040 година, ако се има предвид колку време беше потребно да се направат неспоредливите авиони од петтата генерација во САД. Дополнителна причина за долгиот развој секако се и финансиите – Франција следната година за војската ќе одвои 39,7 милијарди долари од буџетот, додека Германија ќе потроши нешто повеќе од 43,5 милијарди долари. Почетните фази се очекуваат кон крајот на годинава, кога ќе бидат изработени првите студии за новиот авион.

Овие две држави се одлучија на ваков потег од економски причини, имајќи предвид дека развојот на новиот авион без сомнение ќе чини десетици милијарди долари.

Американците на развој и производство на двата повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација, F-22 Raptor и F-35 JSF, потрошија 66,7 односно 405,6 милијарди долари. Овие две земји тешко би можеле да издвојат вакви ресурси, ни заедно, па не поединечно.

Се очекува водечката улога во проектот да ја заземе Франција, поконкретно компанијата „Dassault Aviation“ која го произведува одличниот, но скап борбен авион од 4++ генерација Dassault Rafale. Од друга страна, германскиот придонес ќе биде во финансирање на проектот и дополнителна набавка на поголем број нови авиони.

Сличен проект Германија и Франција веќе имаат во поглед на развивање на нов тенк, каде Германија има водечка улога во развојот.

извор:www.kajgana.com.mk

Препорачуваме:

Загинати и повредени во престрелка на аеродромот во Кабул

Сузана Мицева

Домашно производство на вакцини

Германија ќе прими нови бегалци

Сузана Мицева