Регион

април 2021 година треба да биде готов експресниот пат Штип – Радовиш

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши постапката за избор на изведувач за втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, со должина од 16,9 километри. Австриската компанија „Страбаг“ е избрана како најповолен понудувач со доставената понуда од 14,9 милиони евра. Станува збор за трасата од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и од рудникот „Бучим“ до влезот во Радовиш.

– Се очекува во најскоро време и воведување на изведувачот во работа, со што ќе почне да тече и рокот за изведба. Рокот за изведба е предвиден да биде 24 месеци – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

Во моментов процентот на реализација на првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш изнесува 70 отсто. Крајниот рок за пуштање во употреба на првите километри од овој патен правец е крајот на април 2021 година, но поради забрзаната изградба на проектот на терен се очекува првата фаза да биде предвремено ставена во функција – на крајот од годинава или на самиот почеток од 2021 година. Трасата долга 23 километри од првата фаза на проектот се гради меѓу селото Софилари и рудникот „Бучим“.

Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш започна во јуни 2018 година. Новата патна врска ќе се состои од по една коловозна лента од 3,5 метри и една помошна лента за застанување од 2,5 метри во секој правец. Максималната брзина на движење на возилата ќе изнесува 110 километри на час.

Препорачуваме:

Во Струмица вакцинирани 100 лица во домашни услови

Стојне Митева

Второодделенците од „Видое Подгорец“ на креативна работилница со авторот Ване Костуранов

Сузана Мицева

Се поставува нов канализационен крак во Пиперево по што ќе следи асфалтирање на улица