• Thu. May 16th, 2024

Второодделенците од „Видое Подгорец“ на креативна работилница со авторот Ване Костуранов

Второодделенците од „Видое Подгорец“ на креативна работилница со авторот Ване Костуранов. Со приказните од  сликовниците на авторот Ване Костуранов и работилницата инспирирана од нив, второодделенците од основното училиште Видое Подгорец од Струмица денес го одбележаа Меѓународниот ден на детските права.

Настанот се одржа во новоотворената градска галерија каде децата се дружеа опкружени со делата на струмичките ликовни уметници. Наставничката Соња Цицимова вели дека амбиентот е одличен за поттикнување на детската љубопитност и љубовта кон уметноста.

Авторот им читаше, децата уживаа во авантурите на ликовите, но и во новиот свет фантазија што им се отвораше додека низ цртежите ги продолжуваа приказните од сликовниците на Костуранов. Тој вели дека средбите со децата се инспиративни и ужива во споделената енергија.

Универзалниот ден за правата на децата беше основан во 1954 година од страна на Обединетите нации и се слави на 20 ноември секоја година. Овој ден е наменет за подигање на свеста за правата на децата и подобрување на детската благосостојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *