Забава

Албумот на Џамбо Агушев го освојува светот

Џамбо Агушев ги ниже успесите, а со тоа и престижните награди. Агушев на својот фејсбук-профил ја обелодени среќната вест за престижната наград добиена во Германија.

Поточно, неговиот албум е прогласен за најдобар албум според престижната „German Record Critics“ за 2020 година.

„Јас сум многу среќен,и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која и ја презентираме низ целиот свет.Мојот албум е повторно награден со престижната награда на „German Record Critics“ како најдобар албум на светот. 2020. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар!“, напиша Агушев на својот фејсбук-профил.

Препорачуваме:

Шест години без Зоран Маџиров

Сузана Мицева

Видео: Првиот трејлер за новиот филм на Тарантино

Време е за пролет-Неодолив дом со аксесоарите на Zara Home

Сузана Мицева