• Tue. May 14th, 2024

Шест години без Зоран Маџиров

Се навршуваат шест години без виртуозот во свирење на шишиња, Зоран Маџиров. Тој имаше тешка сообраќајна несреќа на 7 октомври 2016 година, на пат кон Струмица, кај месноста „Пилаф тепе“. Маџиров управувајќи го својот автомобил, при разминување се судрил со камион-влекач. Тој се здобил со тешки повреди на главата, градите и нозете, по што беше итно префрлен на скопските клиники.

На почетокот на кариерата Маџиров беше доживуван како ексцентричен музичар. Но, тој направи импресивна светска кариера со повеќе од 4 илјади концерти во европските и американските градови и е прогласен за почесен граѓанин во повеке европски метрополи.

Во Германија го нарекуваа Флашофон, во Америка Ботлфон во Италија Бутилиофон, а овде Зоки Ботлмен. САД му дадоа државјанство.