• Sun. May 19th, 2024

Видео: Првиот трејлер за новиот филм на Тарантино

Убиствата на Чарлс Менсон – паралелна приказна во „Си било еднаш во….Холивуд“. По два дена загревање на публиката со постери, Квентин Тарантино пушти и краток рејлер со кадри од новиот, негов деветти филм.

Видеото покажува дека флмот е со доза хумор. Ја гледаме телевизиската ѕвезда Рик Далтон (Леонардо Ди Каприо) и неговиот каскадер Клиф Бут (Бред Пит) кои се обидуваат да се вратат во филмската индустрија, но таа е толку променета, што едвај ја препознаваат. Двајцата и’ се соседи на Шерон Тејт (Марго Роби), која во тоа време е бремена со детето на режисерот Роман Полански, која станува една од жртвите на Чарлс Менсон. Но, како што знаеме, убиствата не се во центарот на филмската приказна.

Во актерскиот состав се и ѕвездите: Ал Пачино, Дакота Фенинг, Курт Расел, Тим Рот, Емил Хрш, Демиан Луис и др.

Сценариото е на Тарантино, и според зборовите на претседателот на „Сони“ Том Ротман, тоа е најсилното сценарио што го прочитал последните триесет години во бизнисот.

Премиерата на „Си било еднаш во …… Холивуд“ е закажана за 26 јули 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *