• Sun. May 26th, 2024

Фото – Надежите на Беласица го освоија КУПОТ организиран од нивниот клуб, во финалето на пенали подобри од Академија Пандев

ByВане Трајков

Dec 17, 2018

Фудбалерите на Беласица родени 2004 го освоија годинашново издание на Беласица КУП на кој учествуваа 8 екипи. Тие во финалето се сретнаа со надежите на Академија Пандев и во пенал рулетот  славеа победа и го освоија трофејот од ова натпреварување. Во регуларниот дел Беласица – Академија Пандев заврши 1:1 но при изведување на пеналите подобри беа струмичките сино бели деца кои со 4:3 го освоија овој турнир

Во полуфиналето Беласица со 5:2 ги надигра Вардар од Неготино додека тимот на Академија Пандев по миролубивите 0:0 на пенали славеа со 6:5 против надежите на битолски Пелистер

На турнирот учествува вкупно 8 екипи кои беа поделени во две групи. Во групата 1 беа екипите на Беласица, Пелистер од Битола, Јанг тим од Струга и Фудбалската школа Кул од Скопје. Во ова група најдобри беа Беласица и ПЕлистер. Во Групата 2 беа екипите на Академија Пандев, Победа од Прилеп, Арсенал од Приштина и Вардар од Неготино во која пандевци и Вардар од Неготивно беа најдобри

Најдобар стрелец на турнирот беше од Беласица додека Мите Митев од Академија Пандев прогласен за најдобар играч а најдобар голман Филп Лазаров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *