Спорт

Почна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал во Василево вреден 200 илјади денари

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во Василево се организира традиционалниот ноќен Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал што ќе започне на 17-ти декември 2018 година.

Пријавувањето започнува од 10.12. 2018 и ќе трае до 16.12.2018 година до 16,00 часот.

Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 16.12.2018 во 17,00 часот во просториите на Спортска сала во Василево

Котизацијата за учество изнесува 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Според правилата, право на учество имаат само екипи од Струмичко-Радовишкиот регион. Екипите треба да бројат од 6 (шест) до максимум 10 (десет) играчи.

Вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во Василево со почеток од 18,00 часот.

За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторот на телефонскиот број 077 531 592.

Препорачуваме:

Видео: Наковски Волеј ги запали моторите – во Битола го надигра Пелистер за прва победа

Ване Трајков

Горан Пандев со признание од ФФМ за развој на репрезентативниот фудбал а Александра Ристовска од Тиверија избрана за најдобра фудбалерка

Струмичанецот Димитар Витанов од клубот ,,АБЦ’’ стана кадетски државен првак во кати а полека го освојува и балканот