• Sat. May 11th, 2024

Само РК Младост 09 од Богданци во трка за пласман во Супер лигата од Југоистокот

ByВане Трајков

Dec 18, 2018

Ракометарите на ,,Младост 09” од Богданци  обезбедија учество во плеј офот во прволигашкото ракометно друштво откако првиот дел од натпреварувањето во Групата 2 со  девет победи два нерешени исхода и три порази го обезбедија второто место. Ова значи дека од југоистокот, само Младост 09 од Богданци ќе игра за пласман во Супер лигата бидејки четирите најдобри екипи од Групата 1 и Групата 2 ќе играат за титулата во прволигашкото натпреварување

Останатите два тима од југоистокот Астраион од Струмица и Младост Богданци не обезбедија пласман во плеј офот преку своите групи. Астраионци во Групата 2 го обезбедија 5 место,  позиција на која заврши и вториот клуб од Богданци.

Струмичани остварија биланс од 7 победи еден нерешен исход и 6 порази и освоија 22 бода додека Младост од Богданци 6 победи и 8 порази и собраа 18 бода. Тие во продолжение мегусебно ќе разигруваат за пласман од 8 до 16 тата позиција

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *